Оваа диета се заснова на африканската исхрана.
Ова е згоден слон :)
Во Африка, главен оброк е ручокот. Toj обично се состои од мешевина на зеленчук, мешунки, а понекогаш и од месо. Месото се јаде поретко, поради економската ситуација во Африка, додека оние што живеат во близина на крајбрежјето или пак до некои езера јадат доста риба.
Значи за време на африканската диета се јаде гулаш, супа, зеленчук, риба и месо. Оваа диета е богата со протеини, но слаба со јаглехидрати. Не треба да се јаде (ова можеби е и најважното за нас Македонците) леб, благо, тестенини, кафе, алкохол…
Па, зарем високите температури не се идеални да се ставиме во африкански филм и да ја пробаме оваа диета?