Аделина Тахири ги разгоре страстите, кралица е на костимите за капење – во црвено бикини покажа стомачни, а со сопругот блеска од љубов!
Следува цела серија на преубави фотографии од годишниот одмор, а таа е навистина кралица на костимите за капење, од кои покажа бројни модели.

Пејачката Аделина Тахири уште еднаш потврди зошто важи за една од најзгодните јавни личности на домашната сцена. По повод осумгодишнината од бракот со познатиот адвокат Серјожа Марков, Аделина сподели серии фотографии на Инстаграм кои предизвикаа бура од реакции, поточно воодушевувања, и поради љубовта што зрачи, и поради нејзиниот беспрекорен изглед!

На една од фотографиите, Аделина позира во црвено бикини, кое совршено го нагласува нејзиното затегнато тело и дефинирани стомачни мускули. Со распуштена коса, минимален мејкап и самоуверен поглед, таа изгледа како вистинска дива на плажа.


Но тоа не беше сè, на другите фотографии, таа е во топла прегратка со сопругот Серјожа. Парот изгледа вубен како од првиот ден, со насмевки, допири и моменти на нежност кои јасно сведочат дека нивната љубов не само што не згаснува, туку постојано расте.

Следува цела серија на преубави фотографии од годишниот одмор, а таа е навистина кралица на костимите за капење, од кои покажа бројни модели.

Тахири и Марков го имаат синот Јон, а нивниот брак често е предмет на медиумски интерес – не поради скандали, туку поради стабилноста, стилот и хармонијата што ги негуваат.
View this post on Instagram
Аделина повторно покажа дека е симбол на женственост, самодоверба и елеганција, а со последните објави испрати силна порака: љубовта, ако е вистинска, со времето само станува посилна, а добриот изглед е нејзиниот природен сојузник.