Реклама
Култура[тор]

A Victim Of Society во живо на Канал 103

Реклама

Недела, 13 мај, 22 часот. 

Уште еден интересен и надоаѓачки музички проект од регионот со свој концерт на 103-тата бранова должина. Оваа недела во рамки на радио серијалот Ако никој не свири.. во живо на Стотројка, од глувата соба ќе се претстави грчкиот бенд A Victim Of Society.

Маркетинг

A Victim Of Society е проект оформен 2011 година во Атина, Грција од Вагелис Макрис (вокали, гитара). За настапите во живо набрзо му се придружува и Фотис Нтускас (гитара). Звукот на овој бенд се опишува како “чудно ненагласен такт, које близок до најдоброто од рокенролот на 1950-те години, со одредени суптилнивлијанија на студениот бран и со далечни, рапави вокали“. Сето тоа продукцискиистертирано со препознатливата Lo-Fi естетика.

Маркетинг

alt

A Victim Of Society, освен настапите со локалните грчки бендови, во 2011 годинаго забележуваат нивниот најзначаен настап со Dirty Beaches, со кого негуваатблизок музички сензибилитет. Веднаш по концертите во нашата земја, настапувааткако предгрупа на Moon Duo во Грција. Публиката ќе може да го слушнепрвоиздаденото истоимено EP http://avictimofsociety.bandcamp.com/, како и досеганеобјавен материјал.

За звукот ќе биде задолжен тон мајсторот Ален Хаџи-Стефанов а програмата ќеможе да се следи онлајн на: www.kanal103.com.mk

Претходната вечер (12.05.2012), A Victim Of Society настапуваат во кумановскиот клуб Wire.

Настанот е во соработка со ОфПоп и Домино.

alt

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button