И покрај трите деца има супер тело до кое дојде дури откако ја промени својата најлоша навика
Маги Фиеро е мајка на три деца и главна актерка во оваа инспиративна приказна за слабеење.
Да родите три деца не е мала работа и бременоста остава траг на телото на речиси секоја жена со тоа што повеќето од нив, ако по првото дете планираат да се породат повторно поминуваат неколку години воопшто не грижејќи се за својата линија. И токму тогаш жените се опуштаат најмногу, а пото доаѓа следната бременост па логично е дека не можат претерано да се грижат за својот изглед и да го избегнат вишокот килограми.
Истото и се случи и на Меги Фиеро која по третата бременост не можеше да се погледне во огледало. Тогаш одлучи да заври нова страница во животот и да почне малку повеќе да се грижи за себе и за својот изглед. Почна да оди во теретана, а потоа се префрли на прочуениот BBG план, и се посвети на LISS тренинзите (лесен режим на вежбање), но и по многу труд обликот на нејзиното тело и понатаму не беше задоволителен.
„Во минатото имаше денови кога се прашував зошто сите имаат резултати, само јас не, но не се откажував. И тогаш конечно сфатив каде лежи мојот основен проблем“, призна Меги и напиша дека за се е виновна вечерната досада, кога ќе ги легне децата па кога конечно ќе реши да се опушти. А тогаш секако ќе ја фати глад од досада (знаете она кога ќе станете и ќе почнете да правите „метла“ низ кујната и фрижидерот!), а откако се реши од оваа глупава навика, почна и забележително да и се намалува стомакот.
Секако дека не е само оваа промена заслужна за нејзината нова, привлечна линија. Многу тренинзи се зад неа, а и денес тренира шест пати во неделата. Одмара само во недела, а понекогаш вежба и по два пати на ден. Првиот пат наутро, на тој начин се буди, и сега веќе е во таа фаза и за наутро да вежба со тегови. Вториот пат вежба навечер.
„Порано тоа ми беше време за опуштање, а сега вежбам. Така не мислам на храна, па откако ќе се извежбам на памет не ми паѓа нешто да изедам и да го загрозам тукушто завршениот тренинг, а сфатив и дека вежбањето навечер совршено ме опушта и заспива.“
Впрочем тоа е времето кога децата спијат па можете да се посветите на самите себеси, а секако е добар пример и дека за добрите навики не мора да се прави многу. Таа само малку ги сменила своите навики во вечерните часови, пронашла добар период од денот кога и одговара да вежба и сега може гордо да се гледа во огледалото. Зад неа се три породувања, иако тоа на нејзиното ново тело не може да се забележи. Можеби и на вас може да ви помогне нејзиниот совет, можеби и вие не сте тип на кој му одговара вежбање наутро или по работ. Можеби токму ваквиот режим би ви помогнал да ги скратите вечерните грешки, ако го правите тоа.
Покрај овој совет, Меги на социјалните мрежи ги сподели и следниве мудрости. Треба да ги знаете бидејќи без нив едноставно НЕМА успех:
Во прашање се пет квалитети кои мора да ги имате:
Преданост, бидејќи нема секогаш да бидете мотивирани. Доследност, бидејќи за се вредно во животот треба време. Жртва бидејќи ќе морате да се откажете од многу за да ја достигнете целта. Рамнотежа, бидејќи само така ќе можете да уживате. Милосрдие, кон вас самите, бидејќи не сте совршени и понекогаш едноставно мора да одморите.