Единствениот тренд што НЕ сакаме да го видиме на нашите улици
Само Ријана може да се облече вака на излегување
Познатата убавица од Барбадос во понеделникот ја претстави својата најнова колекција за Пума, а по ревијата следуваше „афтер парти“ на која ѕвездата на вечерта се појави во – тренерки.
Ријана носеше „оверсајз“ тренерки во силна розова боја кои беа раскопчани во долниот дел на ногавиците, со оскуден топ во бебешка сина нијанса и розови чизми. На главата имаше необична пунџа украсена со зелени ленти и преубава шминка во нежна розова нијанса.
Пејачката и утредента се појави во слично издание. Овој пат станува збор за тренерки какви носиме по дома во комбинација со бели чорапи и влакнести папучи, а на главата имаше разбушавена пунџа. Интересното е тоа што Ријана во ова издание се појави во ноќен клуб, па комбинацијата не навраќа на трендовите од диско ерата кои, искрено, НЕ би сакале да заживеат повторно и да ги гледаме и на нашите улици.
Што мислите вие?