Никој не може да му одолее на овој цветен мирис
Ако ги сакате парфемите, носиме одлични вести за вас. Новата сезона покрај пониските температури ќе ни донесе и многу нови парфеми од најпознатите брендови, па веруваме дека меѓу нив без проблем ќе најдете нешто и за вас. Што се однесува до нас оваа есен довербата ќе му ја поклониме на новиот парфем Bloom од Gucci кој овој пат доаѓа во прекрасно розово пакување и ни носи освежувачки цветни ноти. Станува збор за парфем кој ја пресликува филозофијата која во моментот владее и со есенската колекција на истоимената модна куќа. Тој ја слави автентичноста, виталноста и разноликоста на жените за кои и е создаден. „Сакав богат цветен мирис, мирис кој ве води во голема градина исполнета со цвеќиња и изобилство од букети. Градината е убава како и жените, разнобојна, дива, таму каде што е се. А Gucci Bloom парфемот е токму како таа градина како преку сетилото за мирис би ве однел таму“, вели Алесандро Мишел, креативниот директор на еден од нашите омилени брендови.
„Шишенцето не е дизајнирано женствено за да ги заведе мажите, туку затоа што оди во чекор со жената што го носи овој мирис. Ретро и нежен поради бојата, со чисти, витки линии и не е проѕирен – стаклото е лакирано и потсетува на порцелан, еден од моите омилени материјали“ вели Алесандро. На надворешното пакување преовладува мотивот на Хербариум, црвено бел дезен со листови, гранки од цреши и цветови ставени во црна рамка.