Кафе муабет

Поучна приказна: Бидете дарежливи и среќата секогаш ќе биде на ваша страна

Advertisement

Еден ден, некој затропал на вратата на еден манастир.

 pouchna

Advertisement

Еден ден, некој затропал на вратата на еден манастир. Монахот кој имал задача да ги пречекува посетителите ја отворил вратата и се изненадил кога еден човек му подарил прекрасен грозд.

„Благодарам” – рекол монахот. „Ќе му го однесам овој грозд на игуменот”.

„Брате, овој грозд е за тебе. Пред многу години, кога прв пат затропав на оваа врата, ти ми даде парче леб и вода. Ова е мојата благодарност до тебе” – рекол човекот.

Advertisement

Монахот цело утро му се восхитувал на гроздот и одлучил да му го подари на игуменот, кој секогаш го охрабрувал и го учел на мудрост.

Игуменот се сетил на болниот монах во манастирот, помислил дека гроздот барем малку ќе го расположи, па му го подарил.

Болниот се израдувал, потоа помислил на готвачот кој постојано му подготвувал храна за да оздрави, па гроздот му го подарил токму нему.

Воодушевен од убавината на гроздот, готвачот го подарил на клисарот кој во манастирот го сметале за свет човек. „Клисарот ќе знае да ја цени убавината на оваа креација на природата” – помислил готвачот.

Клисарот се сетил на најмладиот монах и помислил дека токму тој треба да го добие гроздот, за да научи дека Бог е дури и во најмалите нешта кои ги создава.

Младиот монах се сетил на првиот ден во манастирот и добриот монах кој му ја отворил вратата и топло го пречекал, па побрзал да му го подари гроздот.

Подарокот повторно се вратил кај оној за кого бил наменет, а кругот на среќата се затворил.

Еден обичен грозд израдувал многумина, бидејќи среќата секогаш ги осветлува дарежливите луѓе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button