Викторија Бекам ни одржа лекција како да ги носиме фармерките што се хит оваа сезона
Викторија Бекам во феноменално минималистичко издание
Познатата дизајнерка досега многу ретко ја гледавме во фармерки. Дури тешко ни беше и да ја замислиме во ова популарно парче се до пред неколку дена. Тогаш низ Њујорк се прошета во ѕвонарки кои ги носеше со обична бела маица и не воодушеви. А сега повторно не изненади со уште една едноставно, но фантастично издание со фармерки.
Викторија овој пат избра „винтиџ“ модел со висок струк, со рамни ногавици и кои се малку скинати на коленото. Таа ги носеше во комбинација со елегантни, црвени високи потпетици и ролка во беж боја која и беше ставена во фармерките.
Наједноставното издание на Викторија Бекам со кое секоја девојка ќе изгледа беспрекорно >>
Едноставно, ефективно, практично и мнооогу секси! Браво!