Реклама
Трендови

Трендот што беше популарен во 90-тите ќе биде хит и оваа есен – погледнете како го носи оваа Македонка!

Реклама

Ранците повторно се хит!

Секоја жена во својата колекција треба да има барем еден практичен модел кој е совршен за деловни изданија, но и кој може да го носите кога одите на факултет или оние деновите кога планирате да „избегате“ од дома и цел ден да бидете излезени некаде, па покрај стандардните работи кои ви се неопходни ви требаат и други разноразни ситници. Но покрај нивната вообичаена и крајно практична намена, НЕ треба да заборавиме и дека ранците токму оваа есен се вистински хит и ги обожаваат бројни ИТ девојки и трендсетерки.

Маркетинг

Тие беа мошне популарни во 90-тите (особено моделот од Луј Витон за кој веќе ви пишувавме – види тука), а во новата сезона бројни симпатични модели веќе не чекаат на полиците кај нашите омилени комерцијални брендови.

Маркетинг

Модните блогерки едноставно ги обожаваат, што можеме да видиме и од следниве фотографии на кои нашата блогерката Дани Ѓуровска носи свој дизајн.

Ранецот што го носи Дани на оваа фотографија е рачно сликан и е нејзин дизајн. Истиот може да се носи и како ранец и како чанта …

Покрај блогерките и бројни познати ИТ девојки веќе неколку сезони не се одвојуваат од него, а оваа есен повеќе од сигурни сме дека ќе бидат еден од најголемите трендови кога се во прашање модните додатоци. Најактуелни се оние кои се направени од крзно и кадифе, како и минијатурните модели кои можете да ги фурате буквално со сé – од лелеави фустани, до прекрасни комбинации со фармерки и патики.

{youtube}9tnM6D6Gc_w{/youtube}

Па, дали веќе го избравте вашиот омилен модел за оваа есен?

На следната страна погледнете како да го носите овој тренд >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button