Пронајдовме од каде да купите верзија на дизајнерскиот џемпер кој е хит на Инстаграм
Нов хит на Инстаграм
На социјалните мрежи се почесто можеме да забележиме фотографии на кои некои манекенки или модни блогерки носат џемпер во неодолива пастелна нијанса. Станува збор за плетен волнен модел во боја на гумени бонбони и со балон ракави кој изгледа практично и удобно. Џемперот е дизајнерски модел и ќе биде маст-хев во сезоната што следува, но за истиот ќе морате да издвоите преку 20 илјади денари, сума која не можат сите да си ја дозволат. Но за среќа и во продавниците на хај-стрит брендовите можете да најдете слични модели и да го комбинирате како со кратки здолништа, така и со панталони и фармерки.
Познатата скандинавска блогерка го носи со уште еден неизбежен хит за оваа сезона – папучи со крзно, а мошне убаво стои и со патики. Џемперот е женствен и нежен, а воедно носи и доза на опуштеност која е особено посакувана во нашите долги дневни прошетки.
А еве и една верзија од Манго која многу потсетува на ИТ моделот од скандинавскиот бренд Ganni кој преку ноќ ги освои блогерките од целиот свет …
На следната страна погледнете како блогерките го носат овој тренди модел >>