Тренд за најхрабрите Македонки – маиците сега се носат вака (па дури и кога имате вишок килограми)
Ова е еден од оние трендови кој на едни им е омилен, на други – ноќна мора!
Во која група спаѓате вие?
Според модните гуруа кошулите и маиците кои можете да ги носите во ретро стил така што ќе ги врзете во пределот на половината создаваат визуелен впечаток на потесен струк, а ако маицата е малку подолга би можела и да го покрие стомакот. Станува збор за тренд кој беше популарен во 60-тите години од минатиот век, а кој и денес го фураат многу познати ИТ девојки кои го сакаат винтиџ стилот, како и опуштените ретро изданија.
На фотографијата нашата модна блогерка Дани Ѓуровска носи машка маица од македонскиот бренд Factory која можете да ја видите тука >>
Што се однесува до тоа дека овој тренд не трпи вишок килограми, како што впрочем мислат многумина, ќе кажеме само дека им стои добро и на многу плус-сајз девојки кои немаат проблем со својот изглед (во тоа можете да се уверите и од следната фотографија), а ако изберете подолга маица, блуза или кошула, можете дури и да го сокриете вишокот.
Токму со предимензионираните модели (кои исто така изгледаат мошне секси), ако јазолот им го заврзете на средината (исклучиво на овој дел од телото, никако не странично!), можете многу лесно да постигнете визуелно да ја намалите половината.
Од друга страна покрај тоа што може да ве разубави, со овој тренд лесно можете и од стари и безлични парчиња да направите нови секси модели со кои ќе ги привлекувате погледите. Погледнете како Џенифер Лопез нејзината кратка кошула ја врза во панделка на половината и постигна максимално секси комбинација, додека Ким Кардашијан пак, деколтираната маица ја врза во страничен јазол и позираше во гаќички.
Па дали би го носеле овој тренд?