Дали досега ви се случило да сакате да купите некое парче бидејќи сте виделе дека им стои убаво на девојките на социјалните мрежи?
Откако се појавија популарните хаштагови како што се #OOTD, #WIWT (или #outfit, #shopping, #Style и сл,) оваа социјална мрежа стана непресушен извор за фантастични модни комбинации. Токму затоа и се обидовме преку Инстаграм да дојдеме до 5-те водечки трендови кои ќе бидат хит и оваа есен, и со кои сигурни ќе освоите бројни лајкови.
https://www.instagram.com/p/BXn6sJKlNEn/
1. Кроп топ маица со натпис
Овие маици беа хит во топлите месеци, а според комбинациите на познатите ИТ девојки, ќе бидат популарни и во преодниот период.
Factory
Па ако сакате да имате една ваква тренди маица во вашите плакари, ви предлагаме да ги погледнете моделите од македонскиот бренд Factory.
2. Блузи со отворен грб
Сега е вистинското време да покажете малку кожа. Но овој пат не мислиме на кратки шорцеви, фустани или маци, туку на тренди блузи со долги ракави и со отворен грб кои се како создадени за преодниот период.
Topshop
Тие ги преплавија социјалните мрежи и дефинитивно се едно од оние парчиња кои што секогаш ги лајкуваме кога ќе видиме како некоја девојка ги фура, па доколку сакате да имате повеќе лајкови крајно време и вие да имате барем еден ваков модел во плакарите.
3. Обувки со отворена пета
Време е нашите сандали да ги замениме со чевли со „kiten“ потпетици и отворена пета.
Mango
Приказната започна со Шанел и Диор, а потоа Инстаграм преку ноќ стана преплавен со овие модели кои многу брзо стигнаа и во продавниците на комерцијалните брендови.
https://www.instagram.com/p/BYd6oOHgJ9E/
4. Брендирана чанта
Малата чантичка од Луј Витон со препознатливото лого повторно е во мода. На трендот му се „поклони“ и нашата позната водителка Лила Филиповска која на фотографијата носи модел кој го обожаваат и девојките како Бијонсе, Кендал Џенер и многу други.
5. Фустани со ѕвонести ракави
Ако сакате да добивате лајкови поради тоа што ве доживуваат како успешна, самоуверена и модно освестена жена, тогаш во вашите плакари задолжително мора да имате барем еден фустан со вакви ракави.
H&M
Па, кој од овие модели ви се допаѓа најмногу?
Фото: Инстаграм/ Принтскрин