Пет филмови од филмскиот фестивал во Венеција кои нестрпливо ги очекуваме (видео)
Филмскиот фестивал во Венеција започна!
Во продолжение погледнете ги наслови кои сакаме да ги гледаме …
{youtube}QKEPCcPVrx0{/youtube}
DOWNSIZING
Овој филм во кој главните улоги ги имаат Мет Дејмон и Кристен Виг (меѓу останатите) го отвора 74 филмски фестивал во Венеција. Брачниот пар се намалува на големина на минијатурните луѓе со намера да го подобри својот живот и да ги решат проблемите, идеја која на крај секако дека нема да се реализира како што ја замислувале.
{youtube}XpICoc65uh0{/youtube}
MOTHER!
Режисерот Дарен Аронофски кој е познат по остварувањата „Реквием за еден сон“ и „Црн лебед“ во новиот филм обработува тема во која еден брачен пар ќе биде доведен во искушение откако ќе им дојдат во гости неповикани странци и ќе го нарушат нивниот мир и заеднички живот. Во филмот се појавуваат Џенифер Лоренс, Хавиер Бардемом, Ед Харис и Мишел Фајфер.
{youtube}XFYWazblaUA{/youtube}
THE SHAPE OF WATER
Нoв филм на мајсторот на фантазијата, Гилјермо дел Торо. Неговиот последен филм Crimson Peak ја придоби и последната линија отпор на страната на готските романтични приказни. Неговата маестралност да прикаѓува љубв и насилство и нивниот меѓусебен однос ретко кој го има. А новиот филм The Shape of Water изгелда дека е врвот на фантазијата на познатиот режисер. Во главни улоги се Сали Хокинс и Октавија Спенсер.
{youtube}IYga2m0V2O0{/youtube}
SUBURBICONU
Во новото остварување на браќата Коен и Џорџ Клуни главната улога ја има Мет Дејмон, просечен татко од предградието кој ги зима работите во свои раце по кражба во неговиот дом. Дејствието се случува во 50-тите, а покрај Дејмон во филмот се појавува и Џулијан Мур.
{youtube}u73CLdHpbNk{/youtube}
HANNAH
Италијанска драма со Шарлот Ремплинг во главна улога која ќе биде прикажана во главната програма на фестивалот во Венеција. Станува збор за интимен портрет низ кој го следиме животот на една жена која се бори со реалноста и имагинацијата додека се обидува да го прифати заминувањето на нејзиниот сопруг во затвор.