Трендови

Еве во кави фустани ќе ја дочекаме новата есенска сезона

Advertisement

Нови романтични модели кои ќе бидат хит оваа есен

Advertisement

Оваа есен ќе носиме долги фустани зачинети со цветни дезени кои многу потсетуваат на оние што некогаш ги носеле нашите баби. Винтиџ моделите со цветен дезен ги преплавија излозите на дизајнерските брендови, а трендот ги освои и бројните познати девојки кои своите ИТ фотографии постојано ги споделуваат на социјалните мрежи.

Покрај тоа што се ИН постојат уште многу други причини поради кои ќе ги обожавате овие долги модели. Една од нив е што станува збор за фустани кои можете да ги носите преку целиот ден и со нив многу лесно да се трансформирате во одлично вечерно издание. Тие се одлично решение како за вашите деловни изданија, така и кога треба да излезете на пијачка со пријателките, а воедно во ниту едно друго парче нема да изгледате олку елегантно како во овие женствени модели. Што се однесува до летните кроеви кои веќе ги имате во плакарите, носете ги со тексас или кожена јакничка, облечете чизми и бидете подготвени за комплименти. 

Advertisement

Од друга страна пак, ако сакате да се подновите со еден ваков модел, покрај скапите дизајнерски парчиња прекрасни модели има и во продавниците на познатите хај-стрит брендови. Најдобрите можете да ги видите во продолжение …

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button