За жените кои носат очила: Никако не занемарувајте ги веѓите при шминкањето

Денес ви издвојуваме неколку совети за шминкање, наменети за девојките кои носат очила.
Денес ви издвојуваме неколку совети за шминкање, наменети за девојките кои носат очила.
Користење молив за очи
Ако диоптријата ви ги намалува очите, тогаш зголемете ги така што ќе користите молив за очи на долниот капак. Обратно пак, доколку очите ви изгледаат преголеми, одбегнувајте нивно шминкање и фокусирајте се на други делови.
Руменило
Руменилото има моќ да ја намали сериозноста на вашето лице, која честопати луѓето ја поврзуваат со носењето наочари. Ако сакате да изгледате помалку остро и сериозно, тогаш користете руменило.
Задолжително нагласување на веѓите
Жени, ова е едно од најважните правила. Веѓите се особено важни, па затоа внимавајте секогаш да ви бидат средени и нагласени. За екстра ефект користете молив за нагласување.
Туш за очи
Оваа комбинација е уште поуспешна ако ги усогласите линиите на тушот и дебелината на рамките.