Три жени, три неодоливи комбинации – како на нов начин да ги носиме работите кои досега сме ги облекле милион пати!
Комбинации кои може да ги проба секоја од нас …
Ги обожаваме дамите кои секогаш знаат да ни претстават како некое парче кое веќе го имаме во плакарите, а од кое по малку и ни е здосадено, да го носиме на потполно различен начин. Да, трикот е во тоа да се обидеме да го комбинираме со работи со кои досега не сме го носеле. Но како да го направиме тоа и да бидеме сигурни дека изгледаме ОК?
Овие девојки ќе ни покажат како:
Софија Вергара
Кратка бела кошула – нешто што секоја дама го има во својот плакар. Познатата актерка ја носеше со долго цветно здолниште со висок струк и изгледаше прекрасно.
Елегантно и дамски, нели?
Алекса Чанг
Кога сме веќе кај кошулите еве уште еден модел кој сите го имаме во нашите плакари, особено последниве неколку сезони во кои се мошне популарни. Но она што денес го научивме од познатата модна блогерка е дека ова класично парче можеме да го комбинираме и со ултра кратко здолниште. Моделот може да биде зачинет со дезен, а ако е студено, да додадеме и џемперче кое можеме да го носиме на тренди начин.
Секси и модерно нели?
Минка Кели
Долг фустан во тренди боја и патики кои се хит веќе неколку сезони. Па доколку се уште не сте го носеле вашиот макси фустан во едно вакво издание, сега е вистинското време да го направите тоа. Максимално женствено, но и практично и удобно…