По шпанската кралица, и Ранија се прошета во овие панталони – модел кој е хит и меѓу дамите со сина крв (а стауваат популарни и меѓу Македонките)
Овој модел станува еден од омилените дури и меѓу кралиците, а досега многу пати сме виделе како го носат и девојките од нашите улици
Килотите се во мода веќе неколку сезони, а новина е што ги сакаат дури и кралиците. Па така откако минатата година можевме да ја видиме шпанската кралица Летиција во кожени килоти, овој пат во фокусот ни е јорданската кралица Ранија. Таа при посетата на болницата која го носи нејзиното име во Аман, главниот град на Јордан (Queen Rania Al Abdullah Hospital for Children) исто така носеше интересен модел на килоти панталони.
Но наместо кожа, Ранија одлучи за модел од платно, кој е со baggy крој и со впечатлив ремен со кој панталоните изгледаат уште помодерно, а на моменти дури и ориентално и шик. Таа ги носеше со бела кошула со црна украсна линија, црни, елегантни салонки и црна мини чанта со долг ремен додека целата комбинација ја зачини со нејзината омбре фризура.
Емили Ратајковски во панталоните што ќе бидат хит оваа есен >>
Па, дали ви се допаѓа овој модел и дали го имате во вашите плакари?