Дочекајте го студеното време подготвени: Храна која ќе ви помогне да се заштитите од настинка
Со малиот пад на температурите, оние кои имаат послаб имунитет, сигурно ќе се соочат со мали настинки.
Со малиот пад на температурите, оние кои имаат послаб имунитет, сигурно ќе се соочат со мали настинки. Но, за да го избегнете ова во иднина, потрудете се да ја консумирате вистинската храна. Еве која ќе ви помогне успешно да се изборите со настинките.
Лук – докажано ги намалува шансите да се разболите и помага кај заздравување. Најдобро е да го конзумирате свеж. Исто така го поправа расположението и помага телото да се опорави после напорен тренинг.
Туна, лосос или скуша – риба богата со омега три масни киселини помага во борбата против настинка и грип.
Цитрусно овошје – портокали, грејпфрут и лимон се богати со витамин Ц. Според едно истражување, витаминот Ц го намалува периодот на боледување за еден ден.