Го намалува стресот и го подобрува расположението: Придобивки кои ги имате од чувањето куче
Несомнено е дека домашните миленичиња умеат да го подобрат квалитетот на вашиот живот и да ви го подигнат расположението.
Несомнено е дека домашните миленичиња умеат да го подобрат квалитетот на вашиот живот и да ви го подигнат расположението. Погледнете неколку причини кои покажуваат колкаво богатство се тие во вашиот живот.
Ви помагаат да останете во форма
Трчањето по кучето, игрите, прошетка, возење на велосипед заедно – сето тоа ве тера да се движите и е корисно како за вас, така и за животните!
Го намалуваат стресот
Само неколку минути се потребни за да се намали нивото на стрес во организмот ако чувате куче. Со друштво тие придонесуваат за падот на нивото на стрес и нормализирање на хормоните и срцевата активност.
Придобивки за срцето
Истражувањата покажуваат дека соживотот со домашно милениче придонесува за намалување на крвниот притисок и нормализација на срцевата фреквенција. Холестеролот и триглицеридите исто намалуваат вредностите, ако живеете со животното дома.