Реклама
Трендови

Оваа чанта ќе ве врати во средношколските денови – беше хит во целиот свет, а кај нас можеше да се најде само на тезгите во Шутка (или евентуално во становите во кои продаваа крадена роба!)

Реклама

На почетокот од овој милениум сите го сакавме овој тренд

Кендал Џенер и Бијонсе се прошетаа со иста чанта во рацете, па без разлика дали го направиле тоа случајно или не, во едно можеме да бидеме сигурни – овој тренд повторно е во мода. Всушност станува збор за old school чанта од Louis Vuitton со препознатливото лого на брендот која веќе освои бројни познати дами низ целиот свет.

Маркетинг

На трендот му се поклони и манекенката во подем, 16 годишната ќерка на актерот Џуд Ло, Ирис. Манекенката на фотографијата на која е фотографирана со нејзината пријателка носи шарена варијанта од познатиот бренд. Станува збор за модел кој беше хит на почетокот од 2000-те години, кога исто така го носеа познатите трендсетерки.

Маркетинг

Тие беа толку популарни што кај нас многу девојки носеа копија купена од некоја тезга во Шутка, или евентуално донесена од Турција, а дали ќе ја достигнат истата популарност осбено сега откако со нив се прошетаа познатите дами, останува да видиме.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button