Холивуд

Можев да бидам како принцезата Дајана но моето домашно видео ми го уништи животот

Advertisement

Парис Хилтон е позната и по нејзините чудни изјави

Advertisement

Богатата наследничка во интервју кое што го даде за магазинот „Marie Claire“ изјави дека би била како принцезата Дајана ако не беше нејзиното домашно порно видео. Старлетата во 2001 година се снимаше за време на сексот со нејзиното тогашно момче, а три години подоцна тој го објави видеото. „Тоа беше многу болно за мене. Целиот живот принцезата Дајана, таа елегантна, неверојатна жена ми беше пример и чувствувам дека објавувањето на тоа видео ми ја скрати можноста и јас да бидам како неа“ вели таа.

Таа објасни и дека со видеото и е скратена можноста луѓето да ја гледаат на тој начин бидејќи секогаш постои осуда за тоа што нејзината приватност беше експлицитно изложена во јавноста. „Барем никогаш да не го запознаев тој човек. Тоа е единственото нешто за кое што жалам во мојот живот. Откако видеото беше објавено со месеци не можев да излезам од дома. Бев понижена и депресивна“, се пожали таа.

Advertisement

Уште полошо, како што вели самата, поради овој скандал го сменила и мислењето за машкиот род. „Чувствувам дека на никој не можам да верувам. Штом ќе почнам да излегувам со некого, тој автоматски станува посакуван на сите останати жени“ вели Парис.

„Таа во истото интервју му даде поддршка на претседателот Доналд Трамп. „Го познавам цел живот и секогаш бил драг и ме почитувал“ вели Парис и додава дека нејзиното мислење не го промениле ни скандалите врзани со сексистичкото однесување на Трамп кон претставничките на понежниот пол.  „Тие само сакаат слава и внимание. Јас се навикнав на тоа. Го обожавам фактот што луѓето го менуваат мислењето за мене откако ќе ме запознаат“ вели богатата наследничка на империјата Хилтон.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button