Комбинација која повеќето Македонки никигаш не би ја пробале!
Емили Ратајковски во необично издание
Познатиот модел и актерка многу често знае да ги воодушеви сите со своите провокативни изданија, но овој пат ги шокираше фановите со комбинација во која спои две неспоиви работи – тренерки и високи потпетици.
Емили во овие бикини го сруши Инстаграм >>
Емили беше забележана пред студиото на Jimmy Kimmel live во еден мошне дискутабилен стајлинг. Таа носеше краток топ со кој ја истакна својата беспрекорна половина и кој го носеше во комбинација со тренерки од спортскиот бренд adidas и црвена чанта. Но она со што најмногу боде во очи во оваа кежуал комбинација се нејзините бели чизмички со високи потпетици. Што се однесува до нас, секако дека не ги осудуваме оние што сакаат да експериментираат со модните додатоци, па дури и кога станува збор за вакви необични комбинации.
Па, што мислите за ова издание на познатата трендсетерка – погодок или бљак? :)
Фото: Cover/Getty Images, Instagram