Краткиот шорц беше водечки тренд претходното лето
Но оваа сезона и покрај тоа што во мода се подолгите модели и бермудите, Ева Заева НЕ сака да се откаже од нив. Познатата струмичанка се прошета во ултракраток модел кој ги откри нејзините атрибути и кој потполно се вклопи во нејзиниот стил на облекување. Таа го носеше во комбинација со црни екстравагантни високи чизми и мрежеста блуза приклучувајќи им се на девојките кои не сакаат да се откажат од овој секси тренд.
Инаку јавноста за Ева дозна откако во медиумите беа споделени неколку фотографии од нејзиниот профил на Инстаграм . Таа важи за една од најубавите девојки во Струмица, а тоа што е внука на сегашниот премиер на Македонија е дополнителна причина јавноста да се интересира за неа. Таа е и модна креаторка, а со нејзиниот провокативен стил дефинитивно го привлекува вниманието и на посилниот пол.
Што мислите вие?
Фото: Инстаграм