Лимон – вистински пријател на вашата кожа
Сигурно сите имаат слушнато за лековитите својства кои ги содржи лимонот.
Сигурно сите имаат слушнато за лековитите својства кои ги содржи лимонот. Но, покрај тоа тој е и одлична замена за козметичките производи. Еве кои се неговите способности.
1. Тонер
Лимонската киселина е одличен начин да ја намалите прекумерната маснотија на лицето. Едноставно измешајте неколку капки лимон со чиста, филтрирана вода и напрскајте го лицето. Ова ќе ја остави кожата чиста и многу свежа. Покрај тоа, ќе успеете да се справите со мрсната кожа.
2. Пилинг за усни
Дали страдате од суви и испукани усни? Нанесете сок од лимон со малку вазелин и оставете да делува цела ноќ. Пожелно е да се избегнува овој метод, ако вашите усни имаат ранички, бидејќи ќе почувствувате проблематично штипкање.