Познатата италијанска манекенка во фустан од Dolce & Gabanna
Манекенка Бјанка Балти се омажи за својот партнер Метју Мекреј, а за венчаница избра прекрасна креација од модната куќа чие заштитно лице е веќе со години. Станува збор за преубав долг „винтиџ“ фустан кој специјално за неа е направен во креативните „лаборатории“ на Dolce & Gabanna, со благо нагласени раменици и фина тантела која делува романтично и нежно. Фотографиите со Бјанка со брзина на светлината се раширија по социјалните мрежи, а на нив преубавата синоока манекенка, со децентно откриениот грб, високо подигнатата коса и малите елегантни обетки, навистина изгледа фантастично.
Маркетинг
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .