Некои убави работи остануваат вечно присутни
Пред неколку дена случајно налетавме на еден Инстаграм профил каде се објавуваат фотографии од принцезата Дајана и верувајте бевме потполно изненадени кога видовме дека мнооогу трендови кои се популарни во 2017 се инспирирани токму од нејзиниот стил. Од „кропнатите“ гингам панталони со црвено-бели коцки, до оверсајз блејзерот во кој изгледа како да ја облекувал генијалниот Демна Гвасалија од популарниот бренд „Vetements“, комбинациите на Дајана се толку модерни и денес што веруваме дека ќе се изненадите и вие.
Високо подигнати левиски (модел за мајки) под кои се гледаат зглобовите во комбинација со кошула која е ставена во нив, кожен ремен и рамни обувки – овие комбинации принцезата Дајана ги носеше во своите секојдневни off duty изданија, а оваа година се едни од еден најпопуларните кога станува збор за нашите дневни изданија со фармерки.
Zara 3,290.00 MKD
Не треба да ги заборавиме и балетанките со блок потпетици од Mansur Gavriel кои во 80-тите се распродадоа преку ноќ откако се појави во нив, и кои и оваа сезона се модел каков радо би носеле, како и машкото оверсајз сако што го носеше со фармерки …
MANSUR GAVRIEL
TOPSHOP
TOPSHOP
MIU MIU
Па, што велите за нејзиниот стил?