Омилените црвени кармини на познатите ИТ девојки, но и карминот кој МОРА да го имате во вашата козметичка чанта
Најдобрите црвени кармини според најпознатите ИТ девојки, но и нашиот омилен кармин кој секогаш го носиме во нашите чанти.
Гламурозниот изглед кој е осмислен и дотеран до последен детаљ е она што ги краси познатите трендсетерки. Зад секој нивен look се кријат дузина стилисти и мејк-ап артисти, прекрасни креации на познатите дизајнери и најдобрите козметички производи. Црвениот кармин за многу од нив е омилен избор со кој внесуваат гламурозни вибрации во комбинациите на црвениот килим, кога се на сцена или во нивните секојдневни изданија.
Но црвениот кармин подеднакво е популарен кај сите жени. Па за да направите стејтмент изглед со впечатлив црвен кармин и без помош на професионални шминкери да изгледате беспрекорно, во продолжение ќе ви ги откриеме омилените кармини и неколку трикови на познатите девојки кои ги обожаваат токму кармините во црвена боја.
Ријана го обожава најпопуларниот црвен кармин
Ријана неретко ја користи магијата на црвениот кармин со која ги зачинува своите модни комбинации без разлика дали станува збор за нејзините секојдневни изданија или екстравагантни креации кои ги носи на црвениот килим.
Нејзиниот омилен кармин во црвена боја е класикот на M.A.C – Ruby Woo кој важи за еден од најпопуларните црвени кармини на светот.
Омилениот црвен кармин со портокалови нијанси на Бијонсе
Од раскошните сценски костими до секојдневни тренди комбинации во кои главниот збор го имаат прекрасни дизајнерски парчиња, Бијонсе покрај музичките топ листи се почесто освојува значително место и на оние модните.
Покрај нејзината препознатлива виткана коса, Бијонсе гламурозниот изглед најчесто го постигнува и со црвен кармин со портокалови поднијанси. Станува збор за Vogue Lipstick во црвена нијанса од познатиот козметички бренд Lord & Berry
Црвениот кармин на Кендал
Кендал Џенер е име и лице кое сигурно го препознавате. Како супермодел од новата генерација зад себе веќе има неколку успешни години на модната сцена.
Познатата манекенка со својот интересен стил се истакнува каде и да се појави, а покрај тоа што е голема обожавателка на црвениот карми, Кендл е и заштитно лице на Estee Lauder за кои има креирано и своја совршена нијанса која секогаш ја носи во својата чанта.
Омилениот кармин на нашите ИТ девојки
Не секогаш најскапиот кармин значи и најдобар кармин.
Тоа се уверивме и кога прв пат го пробавме карминот Matt Lasting Lipstick од SEVENTEEN кој според квалитетот дефинитивно важи за еден од најдобрите кармини на нашиот пазар. Ние постојано имаме една или два нијанси во нашата чанта, а покрај неговиот неодолив мат изглед го обожаваме и бидејќи има заштитен фактор и не содржи парабени.
Кликни тука и порачај го овој кармин >>