И додека ние уживаме во високите температури …
Модниот свет размислува за есента!
И токму благодарение на нив дознавме кои трендови ќе бидат жешки оваа есен. Поточно станува збор за дезен кој веќе можеме да го видиме на најразлични парчиња облека, а познатите ИТ девојки го носат како во вечерни, така и во дневни изданија.
Да, да. Станува збор за класилчниот кариран дезен кој се почесто може да го сретнете во модните метрополи, а го обожаваат манекенките Кара Делевињ, Бела Хадид, како и старлетата Кортни Кардашијан и актерките Кејт Бланшет и Софи Тарнер. На трендот не можете да му одолее ни една од нашите омилени модни икони Оливија Палермо како и француската пејачка Сели Дион која изгледа прекрасно со облека во овој шкотски дезен.
Според она што го видовме досега, овој тренд е најзастапен кај елегантните женски костуми и тоа кај оние кои потсетуваат на типичните машки модели, но и кај таканаречените пижама модели кои во последно време се вистински хит меѓу бројни познати дами.
Па, дали ви се допаѓа овој тренд?