Вкусни, но и мнооогу корисни: Причини плус зошто треба повеќе да јадеме круши
Крушите се омилено овошје на повеќемина, токму поради слаткиот и освежувачки вкус.
Крушите се омилено овошје на повеќемина, токму поради слаткиот и освежувачки вкус. Покрај тоа, тие природно го регулираат нивото на шеќерот во крвта, што ги прави идеални намирници. Исто така тие имаат превентивно дејство на болестите на срцето и крвните садови, затоа што го намалуваат нивото на штетниот холестерол и делуваат на апсорпцијата на жолчната киселина. Крушите исто така се добар извор на бакар, калиум и добар извор на прехранбени влакна. Свежата крушка со маса од 166 грама обезбедува околу шест грама прехранбени влакна, од кои околу 40% пектин, прехранбени влакна растворливи во вода. Научните студии покажуваат дека тие делуваат превентивно на болести на срцето и вените.
Покрај тоа, крушите содржат и есенцијални хранливи материи во облик на витамин А, Ц и К, калциум и бакар, при што го чуваат и здравјето на коските.