Познатите дами ја обожаваат оваа боја, а сигурно ќе и се допадне и на секоја Македонка
Оваа нежна нијанса повторно е хит
Сигурни сме дека на многу девојки оваа боја им беше омилена во детството. Но исто така сме сигурни дека многу од нив не се ни сеќаваат кога последен пат облекле нешто во оваа нијанса. Факт е дека таа се наоѓа во центарот на вниманието во модната индустрија, па тоа може да ве поттикне да размислите да набавите или да побарате во вашите плакари некое парче со кое ќе постигнете совршени летни комбинации.
Станува збор за валкана розова нијанса која досега ја фураа бројни познати дами како што се Ријана, шпанската кралица Летиција, сестрите Кејт и Пипа Мидлтон и бројни други девојки кои во последниот период носеле дизајнерски, но и хај-стрит парчиња во оваа нијанса. Таа е хит и во продавниците низ Македонија каде можете да ја сретнете и на бројни модни додатоци, како што се чевли и чанти без кои едноставно не можеме.
Оваа нијанса е неутрална и стои убаво на повеќето жени, без разлика на тенот, но сепак, најдобро изгледа кога ќе добиете малку боја.
Отворете ја галеријата и погледнете ги прекрасните модели од Зара, Бершка и Манго во оваа популарна нијанса >>
види повеќе » |