Откако живата во термометрите се искачи над 30 степени сите размислуваме како на најлесен начин да ги пребродиме високите температури.
Без разлика дали сте на градскиот асфалт или веќе уживате на некоја плажа, нема да погрешите ако инвестирате барем во еден фустан од лен со кој движењето под сонцето во овој период од годината ќе ви биде мнооогу полесно. Станува збор за природен и прозрачен материјал со кој многу полесно се дише, а фустаните кои се направени од него (најчесто станува збор за комбинација од памук и лен!) се крајно едноставни за носење. Ако го носите на летување, доволно е само да го префрлите преку костимот за капење и да искомбинирате со сандали или папучи, шешир и голема торба за на плажа – и вие сте подготвени да го освоите светот.
Па, отворете ја галеријата и погледнете ги најубавите фустани од овој материјал што нашите уредници ги избраа за вас …
види повеќе » |