Клои е фитнес инспирација и покрај тоа што многумина се сомневаат дека нејзиниот задник НЕ е вистински!
Клои Кардашијан последните неколку месеци е вистинска фитнес инспирација на жените од целиот свет, но никако не може да се реши од гласините дека нејзиниот задник не е вистински.
Таа и покрај тоа што изгледа се подобро и послабо во последно време, нејзиниот задник не се намалува воопшто!
Имено, најмладата од сестрите Кардашијан, Клои, последните неколку месеци е вистинска фитнес инспирација на жените од целиот свет, но никако не може да се реши од гласините дека нејзиниот задник не е вистински. Истото тоа се зборува и за нејзината сестра Ким и полусестра Кајли, а од последниот фестивал Коачела се шушка дека и на Кендал, одеднаш, задникот и станал поголем, но сепак, ни приближно не како на нејзините сестри.
33 годишната Клои неодамна беше забележана во Лос Анџелес со своето момче како разгледуваат куќи, но среќните вести останаа во сенка на нејзиниот голем – задник!
Во тесни фармерки, стејтмент сандали со проѕирни високи потпетици и топ во боја на кожа (под која и се познава градникот) папараците старлетата ја фотографираа дословно од секој агол. Но токму фотографиите набргу ја поттикнаа и по кој знае кој пат расправата на социјалните мрежи за природата на нејзините големи облини.
Оваа девојка на венчавката на Ким Кардашијан носеше тренерки >>
Па, ви оставаме сами да пресудите …