Хороскоп

Како да имате многу подобар живот и среќна и богата иднина: Еден хороскопски знак треба да престане да им угодува на другите

Advertisement

Вагата сака да им угодува на сите и никако не може да се ослободи од таа навика.

 idnina

Advertisement

Вагата сака да им угодува на сите и никако не може да се ослободи од таа навика. Иако им е кажано илјада пати, тие не сакаат да бидат неучтиви. На некои пак им е тешко да излезат од нивната зона на удобност или пак се перфекционисти.

Дознајте што е карактеристично за вас.

Овен

Advertisement

Нестрпливост. Ослободете се од потребата да сакате сите работи да се случат одеднаш. Ако секогаш брзате, можеби пропуштате некои неверојатни работи кои природно требало подолго да се одвиваат. Вежбајте трпение и долгорочно ќе бидете наградени.

Бик

Замерување. Важно е да се ослободите од сета лутина и замерки кои ги држите во себе. Опростувањето е здравје. Ако сакате да напредувате во животот, важно е да простите.

Близнаци

Претерано размислување. Понекогаш е добро да го смирите вашиот мозок. Ако секогаш се со своите мисли, ризикувате губење на сегашниот момент. Одвојте малку време за опуштање, забавете и уживајте во тековните случувања, без претерано анализирање.

Рак

Зона на удобност. Потсетете се дека животот почнува на работ на вашата удобност. Сега е идеално време да се натерате да испробате нови работи и да стекнете нови искуство. Ќе бидете изненадени со она што ќе го пронајдете за себе.

Лав

Его. Вие сакате сите работи да се вртат околу вас. Можеби вашите постапки добиле негативни оценки, но тоа не е ништо страшно и не значи дека светот е свртен против вас. Кога ќе го сфатите тоа, можеби ќе можете да научите да ја задржете својата рамнотежа.

Девица

Перфекционизам. Време е да ги отфрлите очекувањата за совршенство кои ги поставувате пред себе и пред другите. Секој има мани и баш совршенство не постои. Учете да ги прифатите луѓето и ситуациите токму какви што се и значително ќе го подобрите квалитетот на својот живот.

Вага

Задоволување на другите. Сега е идеално време да се ослободите од таа навика! Мора да сфатите дека е невозможно сите да ги направите среќни, а притоа ризикувате да се изгубите себеси во процесот на обидување.

Скорпија

Жалење. Вие напорно работите за да го добиете она што го сакате, но понекогаш животот не излегува баш така како што сте планирале. Наместо да жалите за она што го немате, посветете ја својата енергија на многуте чуда кои се присутни во вашиот живот.

idnina

Стрелец

Натпреварување. Отфрлете ја својата потреба постојано да се натпреварувате самите со себе и со оние околу вас. Направете го она што најдобро го знаете, дајте сѐ од себе и тоа ќе биде доволно.

Јарец

Контрола. Намалете го малку контролирањето и препуштете се на текот на животот. Тоа може да ви звучи малку шокантно, но со постојаното контролирање не си правите никаква услуга.

Водолија

Осудување. Вие се гордеете со својата објективност, но ваквиот начин на размислување може да донесе до преголемо осудување. Ако сметате дека секогаш знаете што е во ред, а што не, вие им го кратите животниот простор на другите.

Научете да не бидете толку строги и подобро слушајте ги другите.

Риби

Тага. Бидејќи вие сте многу чувствителна личност, во себе собирате и многу туѓа енергија, но тоа не значи дека не можете да научите како да се ослободите од неа. Отфрлете ги сите тешки чувства и ќе почнете полесно да живеете.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button