Денес ви ја откриваме тајната на добриот изглед
Оваа пирамида има шест нивоа, а модните гуруа истакнуваат дека секоја жена треба да знае дека во нив се крие тајната на добриот изглед.
Ново 1 – основни парчиња (35 %)
Основни (basic) парчиња се оние кои се комбинираат со повеќето работи во вашиот плакар, како на пример бела кошула, фармерки, црни панталони, обични маици и топови, класична блуза..
Тие треба да бидат 35 % од вашиот плакар.
II ниво – кежуал облека (20%)
Тоа се однесува на обувките и облеката кои често ги користите во пригоди кои не бараат премногу дотерување како што се на пример обични маици, патики и сл. Оваа облека треба да сочинува 20 % од плакарот.
III ниво – деловна облека
Облеката која можете да ја користите за деловни пригоди исто така треба да сочинува 20 % од вашиот плакар – елегантни здолништа, фустани, блузи копули…
IV ниво – сезонски работи (10 %)
Тоа е облеката која ја сметаме или исклучиво летна како што се на пример костимите за капење или исклучиво зимска – капути и сл.
V ниво – облека за вечерно излегување (10 %)
Високи потпетици, кратки здолништа, секси фустани, блузи со деколтеа, коктел фустани и сл.
VI ниво – мони додатоци и накит (5 %)
Од обетки до ремени – според модните гуруа модните додатоци треба да сочинуваат 5 % од вашите плакари.