Одењето е наједноставната физичка активност, но користите од одењето често знаат да бидат потценувани.
Одењето е наједноставната физичка активност, но користите од одењето често знаат да бидат потценувани. Ако секојдневно одите 800 метри повеќе, во вашето тело ќе се случат одлични здравствени промени. Во продолжение откријте кои промени се случуваат доколку направите околу илјада чекори повеќе.
1. Срцето помалку ќе се напрега
И најмалата промена од седечкиот начин на живот, и преминувањето кон наједноставна физичка активност, како што е одењето, значајно го подобрува здравјето и го намалува ризикот од срцева болест. Мрдањето им овозможува на мускулите посилно да пумпаат крв низ телото, со што се намалува отчукувањето на срцето, па тоа работи во нормален ритам.
2. Се намалува ризикот од мозочен удар
Зголемените физички активности директно го намалуваат ризикот од мозочен удар, а помагаат и при регулирањето на крвниот притисок, со што дополнително се намалува ризикот од мозочен удар. Значи, двојни придобивки!
3. Помалку ќе бидете под стрес
Кратката и брза прошетка можеби е најдобриот начин да ја разбистрите главата и да се ослободите од стресот. Имено, додека се движете, вашето тело произведува ендрофин кој е одговорен за добро расположение, а истовремено се намалува нивото на кортизол хормонот на стрес.
4. Ќе ви се зајакнат коските
Каква била активност во која коските се под притисок на тежината на телото, придонесува за зајакнување на коските и намалување на ризикот од остеопороза.