Еве што е носат нашите девојки оваа есен
И покај тоа што сме на самиот почетокот на најтоплата сезона во годината (високите температури во моментов се хит), веруваме дека и вас ве интересира што е она што ќе биде популарно оваа есен. Па ако и вие не сакате да чекате за да ги видите трендовите, ние денес ќе ви претставиме неколку идеи кои ни доаѓаат директно од паришките street style галерии каде познатите трендсетерки веќе ги претставија претстојните есенски трендови. И секако дека нема да кажеме ништо нова со тоа дека во мода повторно е класиката, но со модерни модификации. Па така овој пат во центарот на вниманието се црните фустани кои сега добиваат нови „апдејти“ – се носат на едно раме, украсени се со точки или ја преземаат улогата на капути со дворедно закопчување кои беа во тренд пред неколку сезони.
Тука е и класичната бела кошула, но оваа есен во мода се впечатливите „пуф“ ракави и волуменизираните раменици.
Вашите тексас јакни слободно можете да ги пуштите да ви паѓаат низ рамениците, а што се однесува до боите црвената ќе владее со модната сцена оваа есен, а од модните додатоци чизмите-чорапи, односно sock boots.
Погледни ги трендовите на следната страна >>