Нега и здравје

Време е за одмори: Како да ја спречите мачнината додека патувате

Advertisement

Симптомите на кинетоза, природната реакција на организмот на движењето, вклучуваат вртоглавица, гадење, главоболка, ладна пот и слично.

 

Advertisement

Симптомите на кинетоза, природната реакција на организмот на движењето, вклучуваат вртоглавица, гадење, главоболка, ладна пот и слично. Најчесто се јавува при патување со автобус, авион, брод… Се прашувате ли како да си помогнете самите на себе? Истражувањата тврдат дека ѓумбирот е ефикасен, дури и подобар од некои модерни лекови. Неговата најголема предност е што не предизвикува несакани ефекти, за разлика од одредени лекови. Чајот, исто така има смирувачки ефект. Најдобри растенија против гадење се: нане, камилица, лаванда, жалфија, а против повраќање: пелин, камилица, маточина, слива. Експертите велат дека гладувањето ги дестабилизира електричните сигнали во стомакот, што може да предизвика гадење и повраќање. Јадете крекери, бидејќи се лесно сварлива храна и помагаат при гадење. Добра работа можат да завршат и бонбони или пеперминт.

Доколку сте во можност, бидете возач, поради фокусот ќе заборавите на гадењето. Доколку до вас седи некој што повраќа, преместете се на друго место, сугестијата може да биде силна, поради што може и вие да повраќате. Седете на места каде што најмалку се чувствува движењето, како што се првите седишта во автобусите или автомобилот…

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button