Многу често вашето тело може да испраќа јасни знаци, но вие да не ги препознаете.
Многу често вашето тело може да испраќа јасни знаци, но вие да не ги препознаете. Еве кои знаци не треба да ги игнорирате и кои укажуваат дека имате проблем со вашето срце.
Главоболка
Постојат неколку видови на главоболки и не е секоја знак дека срцето ви е послабо. Но, ако таа болка е придружена со уште некој симптом, како што се вртоглавици, тоа може да укажува на аневризма и тоа бара итен лекарски преглед.
Исцрпеност
Ова е најтежок симптом, затоа што не мора секогаш да значи дека имате проблеми со срцето, туку настанува и поради многу други причини. Особено кај жените, необичниот замор може да се забележи за време на срцев удар, исто како и неколку дена пред самиот удар. Константниот замор немојте секогаш да му го препишувате на времето, туку контактирајте лекар за преглед.
Грчеви во стомакот
Болка во градите или непријатно трпнење на левата рака се симптоми кои најчесто се поврзуваат со срцеви проблеми. Меѓутоа, лекарите велат дека и грчевите во стомакот можат да бидат индикатор. Исто така, и невообичаена болка во горниот дел од грбот може да укажува на проблеми со срцето.