Размрдајте го мозокот! Интересни прашања кои ќе ве поттикнат на размислување
Понекогаш одговорите на некои загатки може да бидат толку очигледни, но сепак да не успеете да ги откриете веднаш.
Понекогаш одговорите на некои загатки може да бидат толку очигледни, но сепак да не успеете да ги откриете веднаш. Ако не успеете да дадете соодветен одговор на следниве прашања, тогаш проверете ги одговорите во продолжение.
1. Именувајте еден „изум“ кој се користи и ден денес и им овозможува на луѓето да гледаат преку ѕидови.
2. Кој збор секогаш се изговара погрешно?
3. Што можете да држите во десната рака, но не и во левата?
4. Во кој спорт чевлите се направени од метал?
5. Четири луѓе се обидуваат да застанат под еден мал чадор, но никој од нив не станува мокар. Како е можно тоа?
6. Ако авион се урне на италијанско – шведската граница, каде би ги закопале преживеаните?
7. Ако петелот снесе јајце на средина на еден покрив, на која страна ќе падне јајцето?
8. Како ќе фрлите топка со сета своја сила, а потоа истата ќе ви се врати, без притоа да биде одбиена од некој/нешто?
Во продолжение проверете дали и колку сте во право!
Одговори:
1. Прозорци.
2. Зборот „погрешно“
3. Вашата лева рака и дланка.
4. Јавање коњи или кој било друг вид спорт со коњи.
5. Не врне!
6. Нема да ги закопате преживеаните!
7. Петелот не снесува јајца!
8. Ќе излезете надвор и ќе ја фрлите топката нагоре во воздухот.