Децата и животните – вистински извор на позитивна енергија
Во свет преполн со обврски, грижи, стрес и нервоза, луксуз е да најдете извор од каде што ќе можете да ја црпете вашата сила и енергија.
Во свет преполн со обврски, грижи, стрес и нервоза, луксуз е да најдете извор од каде што ќе можете да ја црпете вашата сила и енергија. Покрај другите работи, неисцрпен и вечен извор се децата и животните. Тие не знаат за крајни рокови и исполнување на тешки задачи. Тие не уживаат во материјалните богатства, ниту пак им е потребен луксузен автомобил за да бидат „сакани и почитувани“ од другите.
Децата и животните уживаат во оние работи кои ние возрасните се чини дека малку ги имаме заборавено. Тие сакаат љубов, прегратки, внимание, игра и смеа. Поминете барем еден час со нив, но не чувствувајте го тоа како обврска, туку препуштете му се на моментот со сето свое срце, па ќе забележите дека таквите мали работи ќе ве исполнат со позитивна енергија која не можете да ја добиете од некој друг. Останете достојни на своите обврски, но само во толкава мера колку што ви е неопходно, а притоа не заборавајте кои работи му ја даваат вистинската смисла на животот…