Менувњето на навиките во исхраната е единствениот вистински начин за да ја добиете посакуваната линија.
Meнувњето на навиките во исхраната е единствениот вистински начин за да ја добиете посакуваната линија. Колку повеќе консумирање свежи намирници, намален внес на шеќер и исхрана богата со здрава храна, толку побрзо ќе ги забележите резултатите. А што доколку ви падне шеќерот и имате неодолива потреба да изедете нешто благо? Нутриционистот Рејчел Мелтзер Варен вели: „Нереално е да се каже на некој дека никогаш не смее да изеде десерт. Тоа не го очекувам ниту од своите клиенти, ниту од себе.“
Меѓутоа, важно е да се води сметка за количината. „Кога нечија исхрана главно се темели на шеќер, личноста не ужива во тој десерт, туку јаде од навика.
Меѓутоа, кога десертот ќе си го дозволите одвреме-навреме и во помали количини, ќе научите да уживате во тој оброк и да го цените“, објаснува нутриционистот.