Реклама
Хороскоп

Како е да се биде во љубовната врска со припадниците на знакот Рак

Реклама

Тие се грижливи, сочувствителни и заштитнички настроени кон нивните блиски.

vrskarak1

Ако личноста што ви се допаѓа е родена во овој знак, треба да ги знаете негативните страни на љубовната врска со Раковите. Во продолжение прочитајте кои се тие…

Маркетинг

Бура од емоции

Ако ви се допаѓа некој Рак, треба да бидете подготвени вие да ја одржувате стабилноста во врската. Но, доколку вие сте родени во знакот на Риби, Скорпија или некој друг знак со активен емоционален живот, врската со Рак можеби ќе ви дојде премногу напорна. Расположението на Раковите драстично се менува на секои 10 минути. Нивното расположение се менува толку често што ни тие самите не можат да излезат на крај со себе, така што не очекувајте дека вие ќе можете да го направите тоа.

Маркетинг

Имаат ненаситна потреба од нежности и прегратки

Нема ништо лошо во прегратките, но Раковите едноставни претеруваат кога се работи за милување и нежности. Нивните потреби се буквално ненаситни. Секако дека физичкиот допир е еден од најзначајните јазици на љубовта, но и постојаното гушкање знае да стане напорно. Ако започнете врска со Рак, понекогаш ќе се чувствувате како да не можете да дишете и доколку побарате простор, подгответе се за поплава од крокодилски солзи.

Овие жени сакаат релаксација и уживање во домот и семејството, дали погодувате за кој хороскопски знак станува збор?>>>

vrskarak1

Ќе морате со зборови да ја искажувате вашата благодарност за секој нивен гест

Раковите обожаваат да готват за нивните сакани и тоа е многу слатко, но понекогаш можеби ќе се чувствувате како да ве хранат сосила. Постојано ќе ве прашуваат дали ви се допаѓа храната и ќе ви додеваат со прашања од типот „Да не требаше да ставам помалку сол?“ сѐ додека не изедете сѐ што има во чинијата. Ако се осмелите да оставите малку од јадењето, очекувајте драма.

Обожаваат да седат дома

Се надеваме дека обожавате маратонско гледање серии, бидејќи припадниците во овој знак обожаваат да седат дома. Раковите си ги полнат батериите на тој начин што се излежуваат на каучот и тука не можете да преземете ништо за да им помогнете. Тие се многу чувствителни и времето што го поминуваат надвор од дома им ја исцрпува сета енергија. Па така, дури и да ги убедите да излезете, тие сигурно ќе сакаат да си одат многу порано од вас.

Не ни помислувајте на тоа да излезете сами! Како и самиот симбол на нивниот знак, Раковите ќе се закачат за вас како со клешти и нема да ве пуштат да одите никаде.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button