Реклама
Нега и здравје

Мед и сода бикарбона – генијално решение за целулитот

Реклама

Иако на пазарот постојат огромен број производи за борба со целулитот, според дерматолозите, има еден природен лек што е поефикасен од сè што можете да купите.

Станува збор за смеса од две состојки што сите ги имаме во нашиот дом – сода бикарбона и мед! Едноставно измешајте една лажица сода бикарбона со една лажица мед, додајте малку вода и ставете ги на оган да зовријат.

Маркетинг

Откако ќе почне да врие, варете ја смесата 2 до 3 минути, па оставете ја на кратко да се олади (не целосно) и додека е уште млака, масирајте го со неа оној дел од телото каде што имате целулит. Масирајте околу 3 минути, а потоа измијте се со топла вода. На проблематичните делови нанесете чист мед, па масирајте уште 4 до 7 минути.

Кокосово масло – вашиот најдобар пријател во текот на летната сезона >>

Маркетинг

Според експертите, како и жените што веќе го пробале овој рецепт, тоа е најдобриот начин да се ослободите од целулитот и дупките на кожата што прават таа да изгледа рапаво. Масажата со мед ќе ја подобри циркулацијата на крвта, ќе ги намали наслагите со целулит, без притоа да внесувате хемикалии и токсини во вашето тело.

Совет: Не смеете да претерувате со употребата на оваа смеса, особено не со силно притискање за време на масажата бидејќи можете да си ги испукате капиларите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button