Ако почувствувате глад навечер, ова е храна која може да ја јадете без страв од здебелување
Оброците во доцните ноќни часови се голем непријател на нашиот метаболизам.
Но кога остануваме будни до доцна неизбежно е да почувствуваме глад. Со оглед на тоа дека ноќта е време за одмор, нашиот организам е навикнат бавно да ја вари храната.
Сепак гладувањето е подеднакво лошо како и нездравата храна. Избегнувањето на оброци може да го поремети нашиот метаболизам. По правило, последниот оброк навечер треба да биде барем два до три часа пред спиење, но поради нашите лоши навики често посегнуваме по чоколадо или високо калоричен сендвич.
Нутриционистите препорачуваат чаша млеко пред спиење, а ако сакате нешто поблаго тогаш можете да си подготвите чоколадно млеко.
Храна што можете да ја јадете навечер без грижа на совест е туна во комбинација со зеленчук како зелена салата, свежа пиперка и краставица. Освен тоа, навечер можете да јадете и разни немасни протеини како риба, бело месо или посно сирење. Храна по која никако не смеете да посегнете навечер е: леб, слатки, овошје, грицки, мед и компир.