Кафе муабет

Размислете добро пред да почнете да ги осудувате другите

Advertisement

Еден лекар влегол со брзање во болницата, откако бил повикан за некој итен случај.

 osuduvate

Advertisement

Еден лекар влегол со брзање во болницата, откако бил повикан за некој итен случај. Тој пристигнал најбрзо што можел и веднаш се упатил кон операционата сала. Во ходникот го сретнал таткото на повреденото момче кој одеднаш му викнал: „Зошто ви требаше толку време да дојдете? Зар не знаете дека животот на мојот син е во опасност? Зар ни малку немате чувство на одговорност?“ Лекарот се насмевнал и смирено рекол: „Жал ми е, не бев во болницата и откако го примив повикот стигнав најбрзо што можев. Смирете се за да можам да си ја извршам мојата работа.“ На тоа разбеснет човекот рекол: „Да се смирам? Што ако вашиот син беше во оваа соба во моментот? Дали вие тогаш ќе се смиревте? Што би направиле ако вашиот син умира, додека го чекате лекарот да пристигне?“ На тоа лекарот одговорил: „Ние ќе се потрудиме да направиме сѐ што е во наша можност, со помош од Бог, а најдобро е и вие да се молите.“ „Давањето совети кога не сме загрижени е многу лесно“, промрморел таткото. Операцијата била успешна и лекарот по неколку часа излегол и рекол дека неговиот син е спасен, па потоа заминал. Таткото повторно бил незадоволен, мислејќи дека лекарот требал да позборува со него и да му ја објасни ситуацијата. По неколку минути, откако заминал лекарот, до човекот се приближила медицинската сестра која му рекла: „Неговиот син вчера загина во сообраќајна несреќа. Тој беше на погреб кога го повикавме за операцијата. А сега, кога ја заврши операцијата на вашиот син, тој замина да го доврши погребот на неговиот.“

osuduvate

Затоа, никогаш не треба да им судите на другите, зашто не знаете низ што поминуваат тие и колку товар носат на нивните плеќи!

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button