Најдобро би било да ги избегнувате купените шампони, бидејќи тие се полни со хемикалии.
Најдобро би било да ги избегнувате купените шампони, бидејќи тие се полни со хемикалии. Затоа, препорачливо е да ја миете косата со природен шампон на база на масло. Природните шампони се потполно здрави, а се и многу поевтини од купените. Природниот шампон направете го на тој начин што во поголем сад ќе ставите 3 децилитри вода и ќе го ставите на оган. Кога ќе зоврие додајте 5 вреќички чај од камилица или 3 лажици сушена камилица (како ви одговара повеќе). Освен чај од камилица, можете да користите чај од жалфија или коприва. Чајот треба да стои во водата се` додека водата не стане матна. После тоа процедете го. Сега во чајот додајте 2,5 лажици природен сапун, а најдобро е оној којшто нема никаков мирис. Кога сите состојки добро ќе ги промешате, на крај додајте 15 капки етерично масло по избор.