За разлика од друг зеленчук, својствата на краставицата до неодамна немале некое посебно значење.
За разлика од друг зеленчук, својствата на краставицата до неодамна немале некое посебно значење. Но, со текот на времето тоа се менува, па за краставицата се верува дека е билка која нуди единствена комбинација на лековити состојки. Таа има антиоксидантни, противвоспалителни и антиканцерогени својства. Еве на кој начин ви помага таа.
1. Помага за здравјето на срцето
Краставицата содржи калиум кој го намалува високиот крвен притисок. Поголемиот внес на овој минерал значително го намалува ризикот од срцев удар и други кардиоваскуларни болести.
2. Делува противвоспалително
Краставицата ги ублажува воспалителните процеси во телото.
3. Ја ублажува болката
Како што покажале студиите, краставицата традиционално се користи во лечење главоболка.
4. Хидрираат и однадвор и однатре
Краставицата се состои од 95,2% вода, што значи дека 141 грама краставица содржи дури 132 милилитри вода. Тоа одговара на една петтина од вашиот дневен потребен внес преку храната.
5. Го намалуваат ризикот од рак
Краставиците имаат моќ да го намалат ризикот од некои видови рак и кардиоваскуларни болести.
6. Помагаат при слабеење
Краставицата е нискокалоричен зеленчук, при што се одлични при одржувањето телесна тежина.