Ако користите јавни базени, можеби се прашувате дали хлорот во водата е штетен по здравјето.
Ако користите јавни базени, можеби се прашувате дали хлорот во водата е штетен по здравјето. Имено, тој може да има многу тежок и непријатен мирис, но експерите велат дека не постои причина за загриженост.
„Здравствените и санитарни прописи ги обврзуваат претпријатијата кои управуваат со базените во нив да не постои ништо од што би можело да заболат луѓето“, вели Кристијан Хоер од германската агенција за заштита на околината, додавајќи дека ниту личноста која секојдневно плива во таков базен, па дури и да се напие од таа вода, нема од што да се плаши.
Всушност, силниот мирис кој многумина го поврзуваат со базените, воопшто не доаѓа од хлорот. Мирисот е предизвикан од азотов триклорид кој настанува при хемиска реакција со хлорот. А за тоа најчесто самите сме си виновни.
„Триклорид настанува со реакција на хлор и урина“, објаснува Хоер.