Оваа жена е медицински феномен – бремена е 17 месеци и се уште НЕ може да се породи!
25 годишната Ванг Ши од Кина требаше да се породи во ноември 2016, но водениот меур не и пукна, а како што самата тврди, бремена е 17 месеци.
Докторите нејзиниот случај го прогласија за медицински феномен бидејќи досега не е забележано некој да е 8 месеци подолго бремен од очекуваните 9. Ванг на докторите им достави доказ за нејзината бременост која започнала во февруари минатата година, со предвидениот термин за породување 1 ноември 2015 година. Но со ултра звук било утврдено дека бебето се уште не е доволно развиено, па одбија да ја породат со царски рез за да не го доведат во опасност неговиот живот, пренесува Mirror. Она што и претставува дополнителен проблем на оваа девојка е тоа што досега има потрошено преку 1000 долари на разноразни прегледи и истражувања, но досега не добила ниту едно солидно решение.
Иако многумина се сомневаат во приказната, коментирајќи дека вакво нешто не е можно, треба да се потсетиме на гинисовиот рекорд кој во моментов го држи американката Беулах Хантер која беше бремена дури 13 месеци, а на свет донесе потполно здраво девојче.
Што мислите вие?