Понекогаш и вестите од светот на политиката можат да ни бидат интересни.
Особено кога се поврзани со Првата дама на Америка која (дефинитивно) секогаш знае да не изненади со изборот на нејзината облека. Овој пат во прашање е секси, тесен фустан без ракави, со впечатливи бисерни копчиња во пределот на колковите, во кој Меланија изгледа прекрасно. Моделот е ремек-дело на генијалниот Michael Kors, додека на нозете носеше салонки со потписот на уште еден од нејзините омилени дизајнери – Кристијан Лоуботин.
Најубавите фустани од тантела во бела боја за ова лето >>
Сé e на свое место, па дури и штрафтите на вратоврската на нејзиниот сопруг Доналд Трамп кои одлично се согласуваат со фустанот, па воопшто нема да се зачудиме ако оваа нивна усогласена комбинација наскоро стане и моден тренд во светот на познатите.
Ова е единствениот фустан што ќе ви биде потребен ова лето >>
Што мислите вие?
Најубавите сандали кои во моментов се на попуст во Net A Porter >>